Фото: Општина Центар

Управителите и куќните совети треба да спроведат итна дератизација во зградите во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со управители на станбени згради и претставници на куќни совети, на кој се разговарало за усвоените кризни мерки за справување со состојбата со сметот.

Како што информираат од Општината, управителите добиле задолжение итно да спроведат вонредна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во сите станбени објекти кои се под нивна надлежност.

Се работи за алармантна ситуација. Некои ме критикуваат дека не е моја работа да ги чистам улиците, но не се согласувам, секој од нас треба да даде личен пример, а тоа постојано сум го правел. Секогаш кога имало криза или хаварија, јас и мојот тим сме се вклучувале директно во решавањето на проблемите. И овојпат, со актуелнава криза, го правиме истото, изјави Герасимовски.

Тој додаде дека на домаќинствата ќе им бидат доделени големи, бесплатни ќеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат, со насоки до станарите уредно и одговорно да го фрлаат комуналниот смет.

Во меѓувреме, општината спроведе вонредна дератизација на сите 1.980 шахти со сертифициран препарат, а дополнително беше извршена и вонредна дератизација и дезинсекција во сите градинки и училишта на територијата на локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот