Универзитетот во Тетово наставно-научниот процес продолжи да го реализира преку онлајн платформа

Овие тешки денови низ кои минува светот, сè повеќе нè убедуваат дека животните предизвици единствено може да се надминат со образованието и науката, истакнуваат од Универзитетот.

Канцеларијата за образование при Универзитетот во Тетово информира дека на сите нивни факултети наставниот процес се одвива преку онлајн платформата, форма на настава која е поддржана и прифатена од мнозинството студенти и професори. Целта е да се одржи континуитетот на наставниот процес  и наука во академската 2019/2020 година во време на пандемија со КОВИД-19.  

Благодарение на функционирањето на овој систем, предавачите на тринаесетте факултети на Универзитетот во Тетово сега редовно предаваат, додека студентите вежбаат и бранат теми во првиот, вториот и третиот циклус, според утврдените критериуми. Многу образовни институции ја продолжија својата работа со алтернативни форми и методи, најчесто со искористување информатичката технологија. Овие тешки денови низ кои минува светот, сè повеќе нè убедуваат дека животните предизвици единствено може да се надминат со образованието и науката, истакнуваат од Универзитетот.

Овој начин на предавање и порано бил користен на Универзитетот и во процеси кога биле ангажирани визитинг професори од меѓународни универзитети, презентирање на научни студии на разни форуми, научни конференции, симпозиуми, учество во меѓународни образовни програми и слично. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот