• научниот

Пожар во Научниот институт за ветерина во Белград

Околу 14,20 часот во Научниот ветеринарен институт на Србија, во приземјето на зградата, во лабораторијата, од засега непознати причини избувнал пожар, кој е изгаснат. На лице место се испратени шест противпожарни возила со 20 пожарникари. Пожарот е локализиран, никој не е повреден бидејќи работниците излегле сами надвор.