Уништени над 40 тони небезбедни јајца пред Велигден
Во пресрет на велигденските празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство заплениле и уништиле повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Според информациите, на депонијата Дрисла биле уништени и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од Србија. Изречени се казни од над 19 илјади евра.
Препорачано
„За утврдените недоследности со вонредните контроли ( пласирање на пазарот храна со поминат рок на траење, употреба на замрзанато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други недоследнoсти), донесени се 35 решенија за нивно отстранување, изречени се и 6 опомени. Со контролите кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна и имаа за цел спречување на пласирање на небезбедни производи и сузбивање на нелегална трговија пред Велигденските празници, утврдено е и дека 7 од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручнататa подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа“ соопшти Агенцијата.


