Уништени 86 килограми шампон од коњски опаш „Докторс“ – не е безбеден

Фото: Приватна архива

Државниот здравствен и санитарен инспекторат уништи 86 килограми шампон за коса, марка „Докторс“ увезен од Србија, затоа што не одговарал на правилникот за критериумите за микробиолошка и хемиска чистина на козметичките производи и методите за проверка на тие критериуми.

Во шампонот бил детектиран зголемен број на живи аеробни микроорганизми. Рокот на употреба на овој препарат со име „Хорстејл шампон од 250 милилитри“ бил до јули 2024 година. Шампонот воопшто не стигнал на рафтовите во аптеките и продавниците ширум државата, затоа што бил откриен при увоз.

Хорстејл шампон

Според она кое е испишано на етикетата на шампонот, станува збор за медицински шампон кој помага во превенција на опаѓање на косата и формирање првут, а во составот пишува дека содржи масло од коњски опаш, ореви и рицинус кои спречуваат опаѓање на косата и го хранат влакното. Пишува и дека е идеален за оштетена и бојадисана коса.

Хорстејл шампон

Директорката на ДСЗИ доктор Ирина Сотирова Бухова за Слободен печат вели дека шампонот од спорната серија не одговарал на микробиолошката исправност согласно законските прописи поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

– Производот е забранет за промет а тестиран е на 24 август 2021 година. Во наредниот период течела постапката за враќање на производот на увозникот. Но, бидејќи обидот бил неуспешен, 86 килограми се поништени на 15 март годинава, рече доктор Сотирова Бухова.

Хорстејл шампон

ДСЗИ врши континуиран надзор над здравствена безбедност на козметички производи детски играчки и предмети за општа употреба и зема мостри за лабораториско испитување, со цел да се спречи небезбедни производи да се најдат во продавниците и аптеките и да предизвикаат штета по здравјето на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот