УНИЦЕФ го осуди масакрот во бегалскиот камп Џабалија: Децата веќе претрпеа премногу

Џабалија напад врз бегалски камп / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

УНИЦЕФ, агенцијата на ОН која има за цел да обезбеди секое дете да го оствари своето право на здравствена заштита, образование, заштита и еднаквост, опиша „сцени на масакр“ по двата израелски напади на бегалскиот камп Џабалија во Газа.

Израелските сили извршија воздушни напади врз кампот по неколкунеделни континуирани бомбардирања во кои наводно загинале повеќе од 3.500 деца, тврдат од УНИЦЕФ.

„Тоа би било над 400 убиени или повредени деца дневно, 25 последователни дена. Ова не може да стане ново нормално. Децата веќе претрпеа премногу. Убиството и заробувањето на децата мора да престане. Децата не се цел“. додава агенцијата на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот