Унгарија е прва во ЕУ по вакцинации, но и по жртви од ковид-19

Фото: EPA-EFE/Zoltan Balogh

Унгарија вакцинирала поголем дел од своето население од која било друга европска земја, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести, но земјата сè уште е меѓу првите во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Според Центарот, 21,6 отсто од луѓето во Унгарија примиле најмалку една доза од вакцина против Ковид-19. Сепак, масовното вакцинирање, кое вклучува и кинески и руски вакцини, не е во состојба да го забави ширењето на пандемијата.

На двонеделна основа, Унгарија има највисока стапка на смртност во светот ковид-19 по глава на жител, покажуваат податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс. Од почетокот на пандемијата, од ковид-19 починале повеќе од 20.000 луѓе во земјата со помалку од 10 милиони жители.

Ова ја става Унгарија на трето место во светот по смртноста од Ковид-19 по глава на жител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот