„Портрет на млада девојка“ од Тoн Келдер / Фото: Handout / AFP / Profimedia

Вредна слика, украдена од нацистите во Втората светска војна, е најдена кај внук на озлогласен генерал на СС во Холандија

Уметничко дело украдено од нацистите за време на Втората светска војна е пронајдено во посед на потомци на генералот на СС Хендрик Сејфарт, откри холандскиот медиум „Де Телеграф“ и уметничкиот детектив Артур Бранд.

Станува збор за слика од холандскиот сликар Тон Келдер (1894-1973), наречена „Портрет на млада девојка“, која некогаш му припаѓала на еврејскиот трговец со уметнички дела Жак Гуздстикер од Амстердам.

Досега, локацијата на делото „Портрет на млада девојка“ не била позната, а според „Телеграф“ и детективот Бранд, таа завршила кај генералот на СС Сејфарт, кој бил убиен во 1943 година од членови на движењето на отпорот во Хаг.

Иако е потврдено дека станува збор за уметничко дело ограбено од нацистите, законската постапка за негово враќање е комплицирана.

Сегашната сопственичка на сликата потврди дека ја поседува, но вели дека не знаела оти таа била украдена и додава дека ја разгледува можноста да им ја врати на потомците на Гуздстикер.

Минатата година, весникот „АД“ и истражувачот Пол Пост пронајдоа уште еден „Портрет на дама“ од италијанскиот сликар Џузепе Гисланди, на ѕидот од дневната соба на ќерката на висок нацистички функционер.

Сликата беше откриена на фотографии од оглас за недвижен имот во Аргентина, по што полицијата ја претресе куќата, а семејството на крајот го предаде уметничкото дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот