Украина побара Русија да биде исфрлена од жрепката за квалификациите за Евро 2024

Момент од последниот фудбалски натпревар на Русија против Хрватска во Сплит/фото: EPA-EFE/STR

На 24 февруари, по почетокот на руската агресија во Украина, Украинската фудбалска федерација апелираше до ФИФА и УЕФА во врска со важноста од примена на санкции против фудбалските претставници на Руската Федерација.

Првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко побара Русија да не учествува во жрепката за квалификациите за пласман на следното Европско првенство во 2024 година во Германија.

Потсетување дека жрепката, во која ќе биде и македонската А репрезентација, ќе се одржи на 9 октомври 2022 година во Франкфурт.

Овој месец, поточно на 10 септември Украинците од ФИФА и УЕФА побараа да се откаже пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Русија кој е закажан за 19 ноември во Санкт Петербург.

Павелко за официјалната веб-страница на украинската фудбалска федерација вели дека одлуката на Европската фудбалска унија се однесува само на официјалните натпревари и затоа сега руската фудбалска федерација ја има можност да преговара за евентуално организирање на пријателски натпревари.

– Ние како федерација веднаш реагиравме на таквите обиди. Нема и натаму официјална одлука за тој натпревар, но го даваме максимумот истиот да не се одржи. Исто така правиме напори и на ниво на УЕФА со цел да обезбедиме Русија да не учествува на жрепката за квалификаците за Европското првенство во 2024 година. Воедно преземаме слични активности и во однос на двата пријателски натпревари на женските репрезентации на Србија У-17 и Русија У-17 кои треба да се играат на Балканот следниот месец – вели Павелко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот