Кукли „Лабубу“, илустративна фотографија / Фото: IMAGO / imago stock&people / Profimedia

Украдени кукли „Лабубу“ во вредност од 30.000 долари се пронајдени во Калифорнија

Полициската управа на Јужна Калифорнија соопшти дека пронашла кукли „Лабубу“ во вредност од околу 30.000 долари, кои претходно биле украдени од магацин во градот Чино. Кражбата била извршена во неколку наврати во текот на неколку дена, а осомничените се двајца малолетници кои работеле во магацинот.

Украдените фигурини биле пронајдени во куќа во градот Апланд, во внатрешноста на Јужна Калифорнија, објавува АП. Полицијата добила налог за претрес на куќата, а еден од осомничените се обидел да избега, но подоцна се предал. Вториот осомничен бил уапсен во близок град неколку дена по претресот.

Двајцата биле сместени во Центарот за малолетнички притвор во округот Сан Бернардино и обвинети за провала и заговор за извршување провала. Детективите пронашле 14 кутии со украдени предмети, како и докази дека осомничените планирале да ги препродадат и испратат фигурините низ целите САД.

Фигурините „Лабубу“, создадени од уметникот од Хонг Конг, Касинг Лунг, за прв пат беа претставени во 2015 година и се продаваат преку кинеската компанија „Поп Март“. Нивната популарност вртоглаво расте, а само неколку дена претходно, фигури од „Лабубу“ во вредност од 7.000 долари беа украдени од продавница во Ла Пуенте, округ Лос Анџелес, во случај кој исто така е под истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот