УКРАДЕНИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МАХАТМА ГАНДИ: Крадците на портретот од таткото на индиската нација оставиле срамна порака

Фото: Профимедиа

Крадци украле дел од посмртните останки на Махатма Ганди на 150. годишнината од неговото раѓање. Пеплта е украдена од меморнијалниот центар во Индија, каде се чувани од 1948 година кога Ганди е убиен од страна на хиндуистички екстремист, објави „Курир.рс“.

Крадците со зелена боја го напишале зборот „предавник“ на фотографијата од творецот на индиската независност. Некои хиндуистички екстремисти Ганди го сметаат за предавник поради неговото залагање за единството на хиндуистите и муслиманите.

Ганди го водеше движењето за ненасилен отпор против британските колонијални власти во Индија, а беше и голема инспирација за луѓето ширум светот. Поголемиот дел од Индијците и понатаму го почитуваат и го сметаат за „татко на нацијата“. Но, хиндуистичките екстремисти во Индија го обивнуваат Ганди и го сметаат за предавник, поради тоа што се согласил за поделбата на колонијална Индија кога Индија и Пакистан се созадени како независни држави.

Тој е убиен од хиндуистички екстремис во јануари 1948 година. По неговата смрт е кремиран, но неговите останки не се фрлени во река, во склад со хиндустичките верувања. Поради неговата слава, дел од посмртните останки се зачувани на повеќе различни места, влклучувајќи го и местото каде е извршена кражбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот