Елена Петрова-директорка на УЈП / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

УЈП: Секоја четврта контрола покажала неправилност во евидентирање на готовинскиот промет

Минатата година инспекторите од УЈП направиле 6.300 теренски контроли и како што изјави директорката на УЈП, Елена Петрова, тие покажуват дека „состојбите на терен не се добри, затоа што секоја четврта контрола завршува со неправилност во евидентирање на готовински промет“. По контролите биле изречени 3.200 глоби и 120 мерки за привремена забрана за вршење дејност со запечатување на објектите. Минатата година имало и 4.200 советодавни посети во ризични дејности за генерирање сива економија.

– Селекцијата на објектите каде што се вршат контролите не е субјективна, туку се темели на анализа на ризик. Контролите сега не се само пребројување на касите, туку навлегуваме и во економската суштина на работењето-изјави Петрова.

Денес имаше средба Совет за даночна усогласеност составен од претставниците на УЈП и даночните обврзници, а присутен беше и Државниот пазарен инспекторат, фокусот беше ставен на сивата економија која нанесува штета на државната каса, но значи и нелојална конкуренција за компаниите.

– Сивата економија е системски предизвик и долгогодишно егзистира. Борбата не можеме да ја водиме со изолирани мерки, туку се потребни континуирани политики и поврзан институционален пристап, затоа повеќе државни органи потпишаа партнерство за борба против неформална економија – рече директорката.

Таа потенцираше дека активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

– Ризикот таму произлегува од тоа што плаќањата се претежно готовински, кои ја хранат сивата економија. Оваа година продолжуваме во овие дејности, но се насочуваме и кон други кои се поврзани со синџирот на угостителските или малопродажните објекти. Покрај овие дејности на дистрибуција, активностите продолжуваат и кон издавање, ќе работиме пофокусирано на краткотрајното издавање, односно на туристичките капацитети – рече Петрова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот