УЈП по багателни цени ќе продава запленети предмети

Управата за јавни приходи на 22. август ќе одржи јавна аукција на која ќе бидат понудени запленети телевизори, автобуси, товарни возила, компјутери, автомобили, како и други предмети кои се запленети врз основа на неплатен данок.

На листата која денеска ја објави УЈП може да се забележат превозни средства по многу ниски цени, како на пример товарно возило Ивеко од 2011 година со цена од 180.000 денари, автомобил Ауди 80 од 1986 година со почетна цена од 42.000 денари, автобус-комбе Пежо Боксер од 2000 година со почетна цена од 90.000 денари, товарно возило МАН од 2002 година со почетна цена од 288.000 денари и многу други.

Во огласот може да се забележат и  пакет од пет телевизори со почетна цена од 13.000 денари, пакет од 15 телевизори, компјутерски куќишта и три штампачи за 90.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот