УФЦ во проблеми, третата и најголема ѕвезда Мекгрегор заминува во пензија

EPA-EFE/ARMANDO ARORIZO

По најавите на најатрактивните ММА борци, Џон Џонс и Хорхе Масвидал, сега и Конор Мекгрегор најави дека се пензионира.

Ирецот кој е убедливо најголема ѕвезда во светот на ММА, својата одлука ја донесе по завршувањето на УФЦ 250 приредбата на која Аманда Нуњез успешно ја одбрани титулата во борбата против Фелисија Спенсер.

– Одлучив да се пензионирам. Благодарам на сите за фантастичните момент. Ова беше неверојатно возење – наведе Мекгрегор.

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт не е изненаден од ваквата одлука и истакна дека донекаде го разбира Мекгрегор. Оваа изненадувачка вест само ги зголемува главоболките за Вајт бидејќи во изминатите 10-тина дена уште двајца мегапопуларни борци побараа да им биде дозволено да си заминат од УФЦ или во спротивно ќе се пензионираат.

Прво шампионот во полутешка категорија, Џон Џонс побара да биде „ослободен“ бидејќи УФЦ не сакаше да му понуди побогат договор за борба против Франсис Нгану, а потоа и Хорхе Масвидал јавно ги прозва Вајт и УФЦ дека не ги плаќаат доволно борците и тој побара да му биде дозволено да си замине доколку не биде платен адекватно.

– Тоа е Корор, знаете како тој функционира. Доколку момците не сакаат да се борат сега или од некоја причина се чувствуваат непријатно поради тоа што се случува, тогаш не мора да се борат. Се е во ред – изјави Вајт.

Ова е трето заминување во пензија на Мекгрегор, претходно вакви одлуки носеше во 2016 и 2019 година но потоа се враќаше во октагонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот