УЕФА се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски

фото: instagram.com/fcshkupi1927

По завршувањето на натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, Европската фудбалска унија (УЕФА) се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел одигран во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Овој меч го следеа 6,000 гледачи, а според најавите на нашиот најголем стадион се очекуваа околу 1,000 бугарски фанови да присуствуваат на трибините како поддршка за Левски.

Поради дискриминаторско скандирање од страна на навивачките групи на двете страни се очекува Дисциплинското тело на УЕФА да отвори истрага, поради што на средина од второто полуврее беше издадено официјално предупредување на Арената во Скопје натпреварот може да биде прекинат доколку се продолжи со таквото скандирање.

За време на овој меч беа користени факели и други недозволени пиротехнички средства што е во спротивност со правилникот на УЕФА.

По повод овој натпревар беа одбележани и инциденти надвор од теренот. Реваншот помеѓу Левски и Шкупи ќе се игра на 3 август во Софија од 19.00 часот по локално време.

Еден навивач на Левски прободен со нож, деветмина се приведени по инцидентот во Чаир

ВИДЕО: Инцидент на мечот Шкупи -Левски, уапсени бугарски навивачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот