Еден навивач на Левски прободен со нож, деветмина се приведени по инцидентот во Чаир

Инцидент во Чаир пред натпреварот Шкупи-Левски

Еден бугарски државјанин е тешко повреден со нож, а девет навивачи на бугарски Левски се приведени. Инцидентот се случил пред одржувањето на натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија). Од МВР велат дека повредениот навивач има тешки повреди, но е во стабилна состојба. Хаосот се случил во близина на Јахја-пашина џамија. 

„На 27.07.2023 во 18.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ физички биле нападнати Д.А. (29), Д.Ј.(28), Ф.Д.(31) и М.С.(30), сите од Република Бугарија, при што бил употребен и остар предмет, со кој бил повреден Д.А.. Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но според пријавеното од болницата, лицето е во стабилна состојба“, информираат од МВР.

Не се знае дали станува за истите лица чии автомобили беа каменувани кога поминуваа низ Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот