УЕФА не дозволува Врањеш да игра со тетоважа на четнички војвода

Огњен Врањеш се најде под лупата на УЕФА/ фото: EPA-EFE/PANAGIOTIS MOSCHANDREOU

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му забрани на фудбалерот на АЕК Атина, Огњен Врањеш да игра на европски натпреварувања со тетоважа на далматинскиот четнички војвода, Момчило Ѓујиќ.

УЕФА отвори истрага против Врањеш по натпреварот од второто квалификациско коло за поласман во Лигата на Конференции помеѓу АЕК и Вележ.

Организацијата за борба против расизмот во фудбалот, ФАРЕ опиша дека Врањеш има тетоважа со „мотиви кои повикуваат на фашизам“, и на оваа пријава на својот официјален партнер во борбата за расизмот, реагираше и УЕФА, која донесе одлука дека фудбалерот на натпреварите под капата на УЕФА, мора да ја покрие спорната тетоважа.

Спорната тетоважа на фудбалерот на АЕК/принтскрин/Инстаграм

Огњен Врањеш е познат по скандалите на и надвор од терените. Тој минатата година заедно со својот брат беа уапсени во Бања Лука поради нанесување на тешки телесни повреди на непознато лице.

Врањеш исто така е познат и по секс-аферата со позната српска турбо фолк пејачка Јелена Карлеуша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот