УЕФА контра Грција: Кратенката МКД е во согласност со Договорот од Преспа!

epa09265568 North Macedonian players attend a training session at Steaua Bucharest stadium in Bucharest, Romania, 12 June 2021. North Macedonia training was postponed and moved to another stadium after a heavy rain hit the National Arena stadium. North Macedonia will face Austria in their UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match on 13 June 2021. EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Европската фудбалска куќа ја одби жалбата на Грција, поточно на грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис кој во изминатиот период испрати приговор за логото на Фудбалската федерција на Македонија (ФФМ) кое стои на дресовите на македонските репрезентативци на Европското првенство.

Непосредно пред првиот натпревар на континенталниот собир, Авгенакис го изрази приговорот на Атина кон амблемот ФФМ на дресот на репрезентацијата, велејќи дека договорот за името потпишан со Грција во 2018 година не утврдува јасно правила за употреба на кратенки.

Пред три дена Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес конференција изјави дека сè додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.

А покрај амблемот, Грците се жалат и за кратенката МКД, но од УЕФА дојде реакција дека во службената комуникација се користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“.

Воедно додаваат од УЕФА дека нема да дозволат европскиот фудбал да стане платформа за пренесување на политички пораки.

Се повикуваат на ставката од Договорот според кој на регистарските таблички стои кодот NMK, но за секоја друга потреба остануваат МК и МКД/MKD и на тој начин се отфрла реакцијата на Грција како неоснована. Во писмото на УЕФА се вели дека се следи примерот на другите спортски институции, се користи кодот МКД од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и дека е во согласност со член 1, параграф 3 од Преспанскиот договор.

ВИДЕО: Мачка го предвидува победникот меѓу Австрија и Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот