Грција се жали до УЕФА за амблемот на македонските дресови

Фото: ФФМ

Само неколку часа пред почетокот на првиот натпревар на Европското првенство помеѓу Турција и Италија, грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, испрати писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за логото кое го користи Македонија во нејзиниот прв настап на континенталните собири.

Како што информира „Екатимерини“, Авгенакис го изрази приговорот на Атина кон амблемот ФФМ (за Фудбалската федерација на Македонија) на дресот на репрезентацијата, велејќи дека договорот за името потпишан со Грција во 2018 година не утврдува јасно правила за употреба на кратенки, вообичаена практика е да користете кратенки на меѓународно признато име на една земја, во овој случај Република Северна Македонија.

Грчкиот официјален претставник рече дека на дресот може да стои СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија), но не и ФФМ, што не ја содржи ознаката договорена според договорот од Преспа во 2018 година.

Тој исто така побара УЕФА да го испита името на Фудбалската федерација на Македонија на оваа земја, велејќи дека тоа е во спротивност со договорот за името.

Истиот извор пренесува дека и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, испрати слично писмо до неговиот колега во Македонија, Бујар Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот