УЕФА им објасни на Португалците зошто немаше „ВАР“ во Белград!

Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Пред два дена во рамките од квалификациите за Светското првенство на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград во еден крајно интересен натпревар ремизираа репрезентациите на Србија и Португалија (2:2).

Во самиот финиш од средбата Кристијано Роналдо постигна гол за Португалците, но истиот не беше признат, а ѕвездата на Јувентус не можеше да поверува.

Веднаш после натпреварот Португалците веднаш реагираа и се жалеа до Европската фудбалска куќа да даде свој коментар околу оваа ситуација.

Од УЕФА истакнаа дека „ВАР“ видео технологијата не се користеше ни во групната фаза на Лигата на нации минатата есен. Португалија веднаш доби одговор во кој УЕФА објасни зошто нема „ВАР“ во квалификациите за СП, а причината е коронавирусот.

– Во 2019 година, УЕФА ѝ предложи на ФИФА употреба на ВАР технологија во квалификациите за СП. Но, влијанието на пандемијата на коронавирусот врз оперативните и логистичките можности ја поттикна УЕФА да ја одложи примената на ВАР во групната фаза од Лигата на Европа, како и да го повлече предлогот за употреба на ВАР во европските квалификации за Светското првенство.

ВАР не беше искористен во групната фаза од Лигата на нациите минатата есен, и затоа не беше искористен на натпреварите од групната фаза од квалификациите на репрезентациите кои играат под покровителство на УЕФА – се вели во соопштението на Европската фудбалска куќа.

Португалците жалат за голот на Роналдо против Србија: Кражба, срамота!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот