ОУ „Киро Глигоров“ / Фото: принтскрин

Проблематичен ученик со години ги малтретира другите деца во скопско училиште, сега донел и нож на час

Родители на деца кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје се жалат дека четири години имаат страв за нивните деца поради проблематичен ученик, кој во последниот случај, донел нож во училиштето.

Според информациите, со ученикот, кој е четврто одделение, службите работеле четири години, но како што велат родителите, ситуацијата не се подобрила, напротив се влошила.

Како што велат родителите, мајката на ученикот рекла дека при подготовка на ужинката по грешка го ставила и ножот во ранецот на детето.

„Детето четири години е агресивно, насилно и минатата година син ми кој е со посебни потреби со ножички. Бркаше девојче со ножички низ училницата, за сега да извади нож на час. Мајката потпишала дека пржела лепчиња и му го подготвувала ранецот во исто време и по грешка ставила нож во ранецот. Од директорката четири години добиваме уверување дека се работи со детето, но станува неиздржливо. Без медиуми очигледно нема нипто да направиме. Родителите на детето праќаат инспекција на наставничката, директорката и врши притисок на наставничката, ние родителите на наставничката и ништо не решивме.  Се работи за деструктивно дете кое лиже клупи, јаде пластелин, сунѓер, живее во свој свет“, велат родители за Курир.

Министерката за образование и накука Весна Јаневска денеска рече дека Министерството испратило барање до просветниот инспекторат да го посети училиштето и да видат што се случува таму. Била информирана полицијата, биле повикани педагог, родителите и дел од стручните служби за да разговараат и со ученикот. Според Јаневска постапката треба да продолжи со оглед на дополнителните реакции.

„Инспекторите беа во училиштето и констатираа дека училиштето постапило според правилникот за вакви случаи. Постапката треба да продолжи поради дополнителни реакции еве и од вас. Има секакви озборувања дури се споменуваат директорот и наставниците. Поентата е во тоа дека законот налага детето треба да оди на функционална проценка и родителите треба да го однесат и доколку е потребно да се додели образовен асистент или да се пренасочи детето во соодветно училиште“ рече Јаневска.

На прашањето дали може да ја смени директорката, министерката Јаневска одговори дека не може, бидејќи тоа е надлежност на градоначалникот Герасимовски.

Директорката на училиштето Билјана Билбиловска, во изјава за „Курур“ вели дека по инцидентот со ножот, училиштето веднаш постапило согласно законските пропири – случајот бил пријавен кај стручната служба, родителите и надлежните институции.

„Направен е увид од страна на Државен просветен инспекторат и советници од Бирото за развој на образование, при што е констатирано дека училиштето постапи согласно законските акти и интерните правилници. Изготвен е писмен план за поддршка кој вклучува индивидуална работа со психолог и специјален едукатор, засилена опсервација, работа со паралелката на социјални вештини и редовна комуникација со родителите. Преземени се и дополнителни превентивни мерки за безбедност, согласно утврдените процедури. Важно е да појасниме дека во конкретниот случај не беше утврдено заканувачко однесување кон други ученици, ниту намера за повредување. Училиштето останува доследно во обезбедување безбедна, поддржувачка и инклузивна средина за сите ученици“, изјави директорката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот