Убиство од љубомора: Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на неговата партнерка

Шеесет и едногодишниот Г.С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Б.П. кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.

Убиството се случило во четвртокот вечерта во близина на куќата на осомничениот Г.С. каде ги затекнал неговата поранешна сопруга и нејзиниот партнер.

До несреќата дошло откако Македонецот со неговата партнерка биле во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на поранешниот сопруг.

Г.С. во еден момент го удрил Б.П. по што Македонецот паднал со глава на земја и набргу потоа починал.

Очевидец на несреќата во изјава за српските медиуми вели дека Г.С. бил рзведен повеќе од една година а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б.П.

На Г.С. му е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот