Убиен новиот лидер на екстремистите во Нигерија

Вооружени лица во Нигерија / Фото: Архива

Нигериските безбедносни сили го убија новиот водач на екстремистичка група поврзана со таканаречената Исламска држава (ИД).

– Убиениот екстремист е обвинет за убиство на стотици луѓе во Нигерија и во соседните западноафрикански земји, изјави денеска нигерискиот советник за национална безбедност Бабагана Монгуно.

Тој рече дека Малам Бако неодамна го наследил Абу Мусаб ал Барнави како лидер на таканаречената ИД во провинцијата Западна Африка (ISWAP), кој неодамна беше убиен.

Бако во август беше назначен за член на Советот Шур, консултативно собрание на ISWAP, во август, откако милитантите ја зацврстија својата позиција во басенот на езерото Чад по смртта на ривалскиот водач Абубакар Шекау од екстремистичката група Боко Харам.

За разлика од Боко Харам, кој честопати насилно гаѓа цивили, ISWAP е насочен кон нигериската војска и оние што им помагаат на војниците.

Програмата за развој на Обединетите нации проценува дека конфликтот резултирал со 350.000 смртни случаи, од кои 314.000 биле од индиректни причини.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот