Пиштол, оружје
Фото: Pexels/Somchai Kongkamsri

Убиецот кој застрела припадник на АРМ зашто не ја давал ќерката за него, најверојатно избегал од земјава

Полицијата веќе една година го барала осомничениот Муса Џавит за друго убиство

Осомничениот Џавит Муса, кој минатата недела уби припадник на АРМ во скопското село Батинци, најверојатно побегнал од земјава, објави ТВ „24“.

Од МВР за телевизијата велат дека тој веќе една година се бара со меѓународна потерница за друго убиство, а органите на прогонот со колегите од другите земји по второто убиство интензивно трагаат по бегалецот.

МВР

„Нашите органи соработуваат и се во постојана комуникација со органите на прогонот на сите земји каде постои индиција дека бегалецот може да се крие, велат од МВР.

Бегалецот Муса Џавит со дебело криминално досие за една година смртно застрелал двајца луѓе. Последното убиство ја потресе јавноста кога минатата недела пред влезот на Батинци со два куршума, пред очите на неговата ќерка, го уби 50 годишниот офицер на АРМ.

Џавит до јуни минатата година издржал затворска казна за нелегално поседување оружје. Но, само едно месец откако бил пуштен го извршил првото убиство, кое според информации на ТВ „24“ е дел од седумте убиства нарачани од скопскиот клан Беланоца. Од полицијата изјавија дека последното убиство не било поврзано со криминалното подземје, туку со невозвратена љубов.

Ќерката на војникот не сакала да се омажи за бегалецот. Таа го одбила и непосредно пред убиството, додека била на медицински преглед – заедно со нејзиниот татко, осомничениот ѝ се јавил по телефон и почнал да ѝ се заканува. На пат кон дома, на влезот на селото Батинци, патот им го попречил бегалецот, кој излегол од неговиот автомобил и му пукал на таткото во градите, по што избегал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот