Убедлива победа на Лукашенко, опозицијата на протест

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

На второ место е Светлана Тихановска, за која гласале осум проценти од избирачите, додека кандидатот „против сите” освои четири проценти.

Според првичните информации од речиси сите избирачки места, Александар Лукашенко освоил 81,35 проценти од гласовите за нов, шести мандат како претседател на Белорусија, објави синоќа претседателката на Централната изборна комисија Лидија Јермошина.

На второ место е Светлана Тихановска, за која гласале осум проценти од избирачите, додека кандидатот „против сите” освои четири проценти.

И излезните анкети покажале дека Лукашенко убедливо ќе победи со 79,7 проценти од гласовите.

Сепак, соработниците на Тихановска тврдат дека според резултатите од алтернативното броење на гласовите, таа добила повеќе од 80 проценти.

Незадоволни од резултатите од гласањето, поддржувачите на опозицијата излегоа на улиците во неколку градови.

Демонстрантите во центарот на Минск фрлаа факели и камења кон полицијата, а полицијата употреби солзавец против нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот