Убедлив пораз на Струмица од Динамо во првата битка за ЦЕВ Лигата на шампионите
Македонскиот шампион Струмица со пораз го започна настапот во Лигата на шампиони, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје беше совладан од романскиот Динамо Букурешт со убедливи 0-3 во сетови (18-25, 20-25, 19-25).
Препорачано
Избраниците на Струмица тешко се носеа со темпото на гостите уште од самиот почеток, па првиот сет им припадна на Романците со 25-18. Во вториот дел, Динамо целосно ја контролираше играта и во еден момент имаше предност од осум поени (17-9), по што без поголеми проблеми го доби и овој сет со 25-20.
Ниту третиот сет не донесе поинаква слика, Струмичани постојано беа во негатива, додека Динамо сигурно го одржуваше водството и на крајот триумфираше со 25-19, за конечни 3-0.
Реванш натпреварот меѓу двата тима е закажан за 28 октомври со почеток во 18 часот во Букурешт.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
33мин
-
9час
-
9час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


