Уапсени пет полицајци во Словенија кои земале мито за лажни печати во пасош

Словенско полициско возило / Фото: МИА

Полицијата во Марибор уапси пет полицајци под сомнеж дека се дел од криминална група, која за да им овозможи престој во Словенија на странци, лажно им ставала печати во пасошите. На тој начин на странските државјани им бил овозможен престој во државата подолг од максимално дозволените 90 дена, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Полицијата соопшти дека извршила претрес во повеќе објекти при што се најдени и запленети повеќе пасоши и околу 90.000 евра, за кој се сомневаат дека се добиени од криминалните активности.

Пасошите на полицајците им ги доставувале посебни курири по што овие ги ставале лажните печати, а лицата кои плаќале за услугите можеле подолго да останат во Шенген зоната.

Според надлежните ваквите прекршоци треба да станат минато за две години, кога ќе се воведе сосема автоматизирана контрола за влез и излез од Словенија и Шенген зоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот