Навивачи на Кристал палас/EPA/RONALD WITTEK

Уапсени навивачи и повредени полицајци во нередите пред финалето во Конференциската лига

Германската полиција соопшти дека привела двајца навивачи по судирите меѓу приврзаниците на Кристал палас и Рајо Ваљекано во Лајпциг, во пресрет на вечерашното финале во Лига на конференции.

Откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки од масовната тепачка меѓу двете навивачки групи, локалната полиција потврди дека се извршени две апсења, а на сите лица вмешани во инцидентите им било наредено да го напуштат подрачјето.

Во нередите полесно биле повредени и двајца полицајци.

Според информациите на германските власти, за време на судирите биле фрлани шишиња, пивски чаши и делови од инвентар, откако околу 300 навивачи на шпанскиот клуб налетале на фанови на Кристал палас кои седеле пред еден ресторан.

Полицијата интервенирала и во друг инцидент, кога група од околу 60 навивачи на премиерлигашот ги провоцирала симпатизерите на Рајо Ваљекано. Финалето во Конференциската лига се игра вечерва од 21:00 часот.

ВИДЕО | Хаос во Лајпциг: Се степаа хулиганите на Кристал палас и Рајо Ваљекано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот