Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Хаос во Лајпциг: Се степаа хулиганите на Кристал палас и Рајо Ваљекано

Финалниот натпревар во Конференциската лига меѓу Кристал палас и Рајо Ваљекано, кој вечерва се игра од 21 часот, доби несакана увертира по сериозните хулигански инциденти во Лајпциг.

На социјалните мрежи се појавија видеа од масовна тепачка во близина на локал во центарот на градот, каде што дошло до судир меѓу навивачи на двата клуба. Според информациите на локалните медиуми, група лица облечени во црно се упатила кон фановите на Кристал палас, по што ситуацијата брзо прераснала во жестока пресметка.

Нередите предизвикале брза реакција на специјалните полициски сили, кои блокирале дел од центарот на Лајпциг со цел да спречат дополнителна ескалација. Според првичните информации, приведени се десетици хулигани поради нарушување на јавниот ред и мир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот