7 C
Скопје

Уапсени 2 лица од Швајцарија поврзани со терористот Кујтим Фејзулаи

Швајцарската полиција уапси двајцата исламисти осомничени се дека се соучесници, односно, дека барем знаеле за планираната акција на терористот Кујтим Фејзулаи, кој во Виена уби четири и рани повеќе од 20 лица во терористичкиот на 2 ноември,

Двајцата мажи возраст од 25 и 18 години се од Винтертур и според полициските сознанија веќе долго се дел од исламистичката мрежа.

Нови сознанија за терористот од Виена: Кујтим Фејзулаи минатата пролет обезбедувал болница

Докажано е дека минатата година патувале во Виена, каде се сретнале со Фејзулаи и дека дури и преноќиле во неговиот стан, пренесе Танјуг.

Откако се вратиле во Швајцарија, Фејзулаи безуспешно се обидел во Словачка да купи муниција за неговата автоматска пушка.

ВИДЕО+ФОТО: Стотици Австријци се собраа во центарот на Виена. Дупките од куршумите на Кујтим Фејзулаи се пополнети со цвеќиња.

Постои сомнеж дека Фејзулаи тоа оружје го добил токму од Швајцарците.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Одлични вести за регионот: Вакцината „Спутник В“ почна да се произведува во Србија

За двајцата мажи има и докази, односно фотографија од планот на Виена, на која се обележани местата за подоцнежно злосторство во центарот на градот.

Австриската полиција веднаш после терористичкиот напад започнала потрага за можните соучесници, но после повеќе недели дошла до заклучок дека Фејзулаи делувал сам.

Потврдено: Извршителот на нападите е Кујтим, роден во Виена со потекло од Македонија

Меѓутоа, се претпоставува дека имало лица од исламистичката мрежа со кои се движел, а кои знаеле за неговите намери, можеби и оние кои го охрабрувале на тоа.

Кујтим Фејзулаи се радикализирал во област позната на разузнавачките служби

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Гани: Авганистанските сили се способни да ја бранат земјата по заминувањето на американските трупи

Слободен печат

МЗ: Пациентот кој почина и имаше 25 години имал хронично заболување и се лекувал во „Систина“

Слободен печат

Остави Коментар