На 28 ноември 2016 година во близина на Меделин, Колумбија се сруши авион во кој загинаа 71 од 77 патници, а меѓу нив се 21 фудбалер, 21 новинар и 22 члена на управата на Шапекоенсе/ фото: EPA/EFE

Уапсена жената која е одговорна за една од најголемите фудбалски трагедии

По повеќе од 1.600 дена, односно пет години, уапсена е жената која се смета за одговорна за големата трагедија во која се урна авионот во кој беа фудбалерите на бразилскиот Шапекоенсе.

Станува збор за Боливијката Селиа Кастедо Монастерио на која и беше доделена анализата и одобрување на планот на летот на авионот кој ги пренесуваше фудбалерите на бразилскиот тим. Во авионската несреќа која се случи во близина на Меделин, Колумбија, загинаа 71 лице од вкупно 77 колку што беа во авионот, а несреќата ја преживеаја само тројца фудбалери, еден член на персоналот и двајца други патници.

Утврдено е дека на авионот му недостасувало керозин за летот, а Кастедо Монастерио дозволила авионот да полета без претходна проверка на сите параметри.

„Жена од Боливија беше специјалист за безбедност на летање и во тоа време не ги почитуваше минималните процедурални услови за одобрување на планот на летот на авионот бидејќи претставената програма на летот не беше соодветна за летање“, објави бразилската федерална полиција.

Таа е уапсена во Корумби во Бразил каде ќе се подготви целата документација за нејзино предавање на боливиските власти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот