Уапсена турска пејачка поради шега за верските училишта

Фото Твитер

Турската пејачка Ѓулшен е уапсена откако на нејзин концерт кажала шега за турските верски училишта, што полицијата го оцени како „поттикнување омраза и непријателство“, пренесува Ројтерс.

Четириесет и шестгодишната Ѓулшен, чие полно име е Ѓулшен Чолакоглу, била приведена од својот дом во Истанбул, а во моментов таа е во затвор, каде ќе остане до судењето.

Ѓулшен на концертот во Истанбул во април рекла дека „перверзиите“ на еден од нејзините музичари се последица на тоа што тој посетувал верско училиште.

Апсењето на пејачката предизвика дебати на социјалните мрежи.

Во текот на испрашувањето, Ѓулшен ги отфрлила обвинувањата дека ширела омраза и непријателство, велејќи пред судските власти дека „бескрајно ги почитува вредностите и чувствителноста“ на својата земја. Таа се извинила поради навредата, но рекла дека за нејзиниот коментар се фатиле оние кои сакаат да ја продлабочат поларизацијата во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот