Уапсен таткото-монструм, кој во стан во Белград ја држел заробена осумгодишната ќерка

Фото: Uroš Pašajlić Foto: MUP

По наредба на дежурниот заменик обвинител на Првото основно јавно обвинителство, српската полиција го уапси Урош Пашалиќ (37), кој е обвинет дека со години ја држел својата ќерка затворена во стан во Белград. Тој е обвинет и за насилство врз неговата невенчана сопруга. Од страна на полицијата му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

„По наредба на дежурниот заменик обвинител на Првото основно јавно обвинителство во соработка со Полициското одделение за град Белград, пронајден, уапсен е и задржан 48 часа осомничениот У.П. по кого е распишана потрага на 24 март“, соопштија од полицијата.

Уапсен е во белградската населба Карабурма, а се криел кај пријател кој е познат и по своето проблематично однесување.

Ужасниот случај на злоупотреба на деца е откриен кога белграѓанка,И.Л. пријавила во полициска станица дека нејзиниот сопруг Пашалиќ брутално ја претепал и дека долго време ја чувал нејзината ќерка како робинка.

Како што претходно соопшти обвинителството, Урош Пашалиќ (37) е осомничен за сторено кривично дело семејно насилство врз невенчана сопруга, како и кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, како и прекршување на семејните обврски.

Како што претходно изјавија извори од белградските медиуми, несреќното дете никогаш не излегло од станот.

„Девојката никогаш не била на лекар на преглед, ниту тргнала на училиште, ниту излегла надвор. Соседите воопшто не го виделе детето. Пронајдена е свиткана во када, дезориентирана, неухранета. И ја пружиле потребната медицинска нега и била префрлена во прифатилиште, па животот не и е во опасност“, изјавил соговорникот од истрагата за овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот