Фото: илустрација / Слободен печат /

Уапсен е напаѓачот кој влетал во студиото на „Инфомакс“ — полицијата тврди дека станува збор за психијатриски случај

Уапсен е напаѓачот кој влезе во студиото на „Инфомакс“ за време на емисијата во живо, соопшти полицијата додавајќи дека се утврдило оти станува збор за психијатриски случај.

Детали за упадот во „Инфомакс“: „Кој си ти да го навредуваш премиерот?“, му рекол вандалот на Мечка и го гаѓал со чаши

Полицијата потврди дека уапси 43-годишен скопјанец со иницијали Г.С. веднаш по пријавата што ја поднел новинарот Александар Митевски. Тој пријавил во полиција дека во редакцијата на порталот „Инфомакс“ на улицата „Востаничка“ влегло машко лице додека траела емисијата во живо.

Напаѓачот оштетил две врати и го попречил емитувањето на програмата, во која гостувал поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски, а во студиото биле присутни и водителот Милош Милошевски и камерман.

„Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница Бардовци. По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството за внатрешни работи и во иднина брзо и неселективно ќе ги санкционира сите случаи на напади на новинари или друго нарушување на јавниот ред и мир и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираа од МВР.

ВИДЕО | Упад во живо на Инфомакс, насилник влегол во студиото и почнал да крши и да ги навредува новинарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот