Инфомакс

ВИДЕО | Упад во живо на „Инфомакс“, насилник влегол во студиото и почнал да крши и да ги навредува новинарите

Редакцијата на порталот „Инфомакс“ објави дека синоќа имало упад во нивното студио додека во живо се емитувал поткастот „Тешки муабети“.

Според објавата од порталот, инцидентот се случил во 23:45 часот.

„Лицето најпрво почна да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која е со шифра, а потоа да ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обиде физички да се пресмета со присутните“, се вели во објавата од „Инфомакс“.

На нивниот портал може да се види и видеото во кое додека се емитува поткастот се слуша тропање, а по барање на водителот Александар Митовски емитувањето е прекинато. По кратко време тој повторно се враќа во емисија каде дава објаснување за упадот и вели дека лицето го задржале во студиото додека да дојде полиција. Митовски го опиша напаѓачот како „партиска будала“ и најави правна разрешница на случајот.

Повторно вклучување во живо на Митовски следеше по неколку часа, во кое тој информираше дека инцидентот е документиран, како и дека полицајците пристигнале за многу кратко време и веднаш преземале мерки за обезбедување на објектот и стабилизирање на ситуацијата.

Тој ја оцени полициската интервенција како професионална и навремена и рече дека случајот ќе продолжи да се обработува институционално.

„Очекуваме и сите колеги новинари и медиумски здруженија да се солидаризираат затоа што медиумите се основа на едно демократско општество“, порачаа од „Инфомакс“.

ВИДЕО | Упад во живо на Инфомакс, насилник влегол во студиото и почнал да крши и да ги навредува новинарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот