У21: Започна продажбата на билетите за квалификацискиот дуел Македонија – Холандија

фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека официјално започна продажбата на билети за натпреварот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година против соодветната селекција на Холандија во рамките на второто коло од групата „Ц“ од квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 во Словачка.

Овој меч ќе се игра утре (вторник, 12 септември) на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје со почеток од 15.30 часот.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Холандија ќе се организира преку продажната мрежа на МКТикетс.

Потсетување дека нашите фудбалски надежи успешно ги започнаа квалификациите со победата на гости против еден од фаворитите во групата, Шведска, со резултат 0:1.

Првопласираните и три најдобро второпласирани репрезентации од секоја квалификациска група ќе одат директно на ЕП 2025, а останатите шест второпласирани ќе играат бараж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот