У19: Македонските фудбалски надежи поразени од Тиквеш
Денеска пријателски натпревар одигра македонската фудбалска репрезентација и во истиот загуби од екипата на Тиквеш со 3:1.
Препорачано
За Тиквеш двапати во листата на стрелците се запиша Симе Христов, а еднаш Александар Вареловски.
Избраниците на селекторот Шкумбин Арслави се подготвуваат за октомвриските квалификации за турнирот во Чешка за пласман во елитната фаза квалификации за Европско првенство.
Селекторот Шкумбин Арслани за подготовките во Скопје нема да смета на Марио Илиевски од бугарски 11-ти Септември и Кристијан Тасевски од Аугзбург кои имаат клупски обврски, а поради повреда од тимот ќе отсуствуваат Али Асани од Вардар и Бесфорт Арифи од холандски МВВ Мастрихт.
Наредната контролка нашите фудбалски надежи ќе го имаат на 15 август против ФК Шкендија на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје.
Арслани за подготовките во Скопје не може да смета на Марио Илиевски од бугарската екипа на 11 Септември и Кристијан Тасевски од Аугзбург кои имаат клупски обврски, а поради повреда од тимот отсуствуваат Али Асани од Вардар и Бесфорт Арифи од холандски МВВ Мастрихт.


