У19: Македонските фудбалерки со три победи до Лигата А за пласман на Европското првенство

фото: ФФМ

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А квалификации за пласман на Европското првенство.

Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0). Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А.

На мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во втората минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21 минута. Во 50 минута, Села го даде голот за победа на Македонија.

Македонија до 19 години: 1. K. Павловска, 6. Ѓоргиева, 4. Петкова, 3. Блажевска (76` Веселинова), 15. J. Павловска, 10. Панеска (76` Андонова), 19. Мејер, 7. Јованоска, 9. Села, 8. Јосифова (90` Боризова), 13. Милевска (46` Далческа).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот