Твитна за смртта на Коби „Кармата го стигна силувачот“ и експресно доби отказ

фото: твитер

Директорката на средно училиште во САД се правдаше дека нејзината реакција беше предизвикана од личното искуство кое го доживеала.

Лиза Сејкора, директорка на средно училиште во САД беше принудена да си поднесе оставка поради објавата на социјалните мрежи по повод трагичната смрт на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум луѓе при пад на хеликоптер на 26 јануари.

Инцидентот се случил во гратчето Камас, Вашингтон, кога Лиза Сејкора за смртта на Брајант напиша дека тоа е карма.

„Нема да лажам. Се чини дека кармата го стигна силувачот“, напиша Лиза на Фејсбук на денот кога се случи трагедијата.

Нејзината објава предизвика жестоки реакции и јавна осуда поради што таа беше принудена да поднесе оставка.

Таа се извини поради тоа што го напиша и се правдаше дека нејзиниот пост на Фејбук претставувал избрзана реакција од лично искуство кое таа го доживеала.

– Ова беше ситуација во која не размислив добро пред да го објавам постот – изјави Лиза Сејкора за локално радио во Портланд.

Нејзините претпоставени и претставниците на Градскиот совет беа разочарани од нејзината постапка и наведоа дека нејзината реакција не е според стандардите кои се поставени.

Коментарот на Лиза Сејкора се однесува на случајот од 2003 година кога Коби Брајант беше обвинет за силување но случајот беше отфрлен бидејќи девојката која го обвини не сакаше да сведочи.

Брајант тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен, а случајот беше решен надвор од судот со меѓусебен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот