ШОК ВО САД: Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

EPA-EFE/PAUL BUCK

Покрај Брајант животот го загубиле и останатите четири патници во хеликоптерот.

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант е една од петте жртви кои загинаа во хеликоптерската несреќа.  Според информациите, освен Коби Брајант, во неговиот приватен хеликоптер, кој се запалил, биле и четири други лица.

Брајант, заедно со уште четири лица, загинал во услови на магла кога неговиот приватен хеликоптер се срушил во ридот во близина на државниот парк Малибу во Калифорнија. Веднаш по падот на хеликоптерот избувнал пожар кој пожарникарските единици кои брзо стигнале на местото го изгаснале, но немало можност за спасување на патниците во хеликоптерот.

Ниту еден од нив не успеал да преживее.
Анонимен извор за новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски потврди дека Коби Брајант бил во хеликоптерот .

Коби Брајант беше еден од најголемите кошаркари на сите времиња, а целата кариера ја помина во Лос Анџелес лејкерс, од 1996 година па се до повлекувањето во 2016 година.

Петпати ја освојуваше шампионската титула, двапати го доби МВП-признанието за најдобар играч во финалната серија, има една МВП-награда за најдобар играч во лигата, а 18 пати играше на Ол стар натпреварите.

Лејкерси ги повлекоа од употреба двата дреса кои ги носеше Брајант, 8 и 24, со што е единствениот кошаркар во историјата со ваква чест.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот