Твиги владееше со пистите пред повеќе од 50 години и беше синоним за слаба девојка, а еве како изгледа една од најголемите модни икони денес

Instagram

Популарната Твиги денес го слави својот 71 роденден, а на модните писти се појави на само 16 годишна возраст и стана светска модна икона.

Манекенката Лесли Лосон, попозната по уметничкото име Твиги, е британска икона во културата која со својот изглед ги одбележа 60-тите години на минатиот век.

Instagram

Благодарение на своето слабо тело, големи очи и андрогена фризура, Твиги навистина остави неизбришлива трага во историјата на модната индустрија, красејќи ги насловните страници на многу светски магазини.

Популарната Твиги денес го слави својот 71. роденден. Оваа дама пораснала во Нисден кое денес е предградје на Лондон. Како дете, нејзината мајка ја учела да крои, а таа уште како многу мала имала префинет моден стил, кој самата си го комбинирала.

Твиги се појави на модните писти на само 16 години и влезе во историјата како еден од првите меѓународни супермодели.

До 1967 година беше присутна на модните писти во Франција, Јапонија и во Америка, а истовремено се појавуваше и на насловните страници на списанија како „Vogue“ и „Tatler“.

По четиригодишна манекенска кариера, таа реши да се повлече, а во тоа време имаше само 20 години.

Instagram

„Не можеш цел живот да бидеш закачалка за облека“, велеше тогаш таа.

Иако беше и ТВ личност и музичар, секогаш признаваше дека е свесна за фактот дека светот секогаш ќе ја памети како модел.

Имаше обиди и како моден дизајнер, и создаде неколку линии облека и модни додатоци во соработка со брендот „Marks & Spencer“.

Во 1977 година Твиги се мажи со американскиот актер Мајкл Витни. Нивната ќерка Карли се роди една година подоцна, а двојката беше во брак сè до неговата смрт во 1983 година. Мајкл почина од срцев удар, а Твиги година дена по неговата смрт ѝ даде втора шанса на љубовта во нејзиниот живот.

Profimedia

Леј Лосон го запозна во 1984 година,  заедно работеа и на филмот „Madame Sousatzka“ (1988) а се венчаа во Њујорк. Лосон ја посвои нејзината ќерка, која исто така го зеде неговото презиме. Тие и ден денес се во среќен браќ и живеат во Лондон.

Една од најпопуларните модели на светот, пред неколку години ја доби и титула дама, а наградата ѝ ја додели британската кралица Елизабета на свеченоста во Бакингемската палата.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот