Турчин баран од Интерпол приведен на скопскиот аеродром

Меѓународен аеродром Скопје. / Фото: Слободен печат

На 18ти август на „Меѓународен аеродром Скопје“ приведен е турски државјанин по распишана меѓународна потерница од Интерпол Виена-Австрија.

 

„На 18.08.2023 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Ј.(25) од Република Турција затоа што по извршена проверка во службената евиденција било констатирано дека за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол Виена-Австрија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „финансиска измама“ “, информираат од МВР.

Од судија во Основен суд Скопје му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена, по што бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот