Турција воведува лимит за готовински плаќања до 187 евра
Турската даночна служба подготви измени на даночното законодавство, со кои се планира да се воведе ограничување на максимално дозволениот износ за готовинско купување, објавија турските медиуми. Канцеларијата предлага да се воведе лимит за плаќање во готовина за стоки и услуги до 7.000 турски лири -околу 187 евра според сегашниот курс. Доколку се изгласаат измените, правните и физички лица кога ќе плаќаат повисоки суми тоа ќе мора да го прават со дебитна или кредитна картичка или со електронско банкарство. Во случај на непочитување на законот, предвидени се казни за купувачите. Казната нема да биде помала од 5.000 лири (околу 133 евра), пишува БТА.
Според надлежните, оваа мерка има за цел да ги направи потранспарентни финансиските односи меѓу потрошувачот и продавачот и да ја рационализира постапката за наплата на даноците.
Препорачано
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
9мин
-
11мин
-
18мин
-
19мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


