Турција ја поздрави екстрадицијата од Шведска на осуден член на Курдистанската работничка партија

Шведска знаме/ Фото Alexander Demianchuk / TASS / Profimedia

Турција денеска ја поздрави шведската екстрадиција на осуден член на Курдистанската работничка партија, оценувајќи го потегот на Стокхолм како почеток на покажување добра волја во однос на безбедносните грижи на Анкара.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг рече дека властите во Анкара „ја гледаат екстрадицијата како почеток на (Шведското) покажување искреност и добра волја”, изразувајќи надеж дека екстрадициите на лицата кои ги бара Турција ќе продолжат „со истата искреност”.

Турција, заедно со Унгарија, е една од двете членки на НАТО кои сè уште го немаат ратификувано протоколот за пристапување на Шведска и Финска во воената алијанса. Анкара на тој начин врши притисок врз двете нордиски земји да се справат со групите што ги смета за терористички и да ги екстрадираат осомничените во Турција.

Шведска во саботата депортираше во Турција маж кој побегна во земјата откако турски суд го осуди во 2015 година поради тоа што е член на вооружена група. Турската државна агенција Анадолија соопшти дека е екстрадиран Махмут Тат, осуден на повеќе од шест години затвор. Тат беше осуден за членство во забранетата Курдистанска работничка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот