Тудор под критики по поразот на Тотенхем и раната замена на Кински
Менаџерот на фудбалерите Тотенхем, Игор Тудор, беше жестоко критикуван од медиумите во Англија по поразот од 5:2 во првиот натпревар од осминафиналето против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, особено за начинот на кој се однесуваше кон младиот голман Антонин Кински.
Препорачано
Чешкиот голман Антонин Кински сигурно имаше тежок ден по неговото деби на голот за Тотенхем, а хрватскиот стратег одлучи да го замени младиот чувар на мрежата веќе во 17. минута од мечот при резултат 3:0 по 15 минути игра.
– Пред натпреварот, тоа беше правилен избор во моментот во кој сме, поради притисокот со кој се носеше Викарио, уште едно натпреварување. Тони е многу добар голман. Тоа беше правилна одлука според мене. После ова, се разбира, лесно е да се каже дека таквата одлука беше погрешна – рече Тудор.
ВИДЕО: Ливерпул падна во Истанбул, Галатасарај сака и четвртфинале
Тој беше дополнително критикуван од медиумите што не отиде кај младиот голман да го утеши по замената. Репортерот на Скај Спортс, Мајкл Бриџ, рече дека ги видел играчите Палиња и Галагер како му приоѓаат на Кински за да го охрабрат.
– Требаше да го прегрне и да каже дека тоа е негова грешка. Срамота е да го игнорираш. Ако веруваш дека треба да го започне натпреварот, тогаш зошто го извади од игра? Ужасна одлука на тренерот – стои во анализата на фудбалскиот коментатор за Скај Спортс, Крис Бојд.
Тудор објасни дека сакал да му даде шанса на Кински и нагласи дека никогаш порано не сменил голман толку рано. Исто така, им се извини на навивачите за тешкиот пораз и призна дека тимот поминува низ тежок период.
– Им се извинуваме на навивачите и на сите. Тежок момент е. Се чини дека сè тргнува наопаку. Плаќаме скапо за мали грешки. Сè е неверојатно. Дури и оваа ситуација на крајот каде што се судираат двајца играчи. Се чувствувавме како сè да е против нас – вели Тудор.
Конечно, тој рече дека разговарал со Кински по натпреварот, велејќи му дека е добар голман, но дека понекогаш се случуваат големи грешки на големи натпревари.
Шпанскиот голман Давид де Хеа го поддржа младиот голман на Тотенхем на социјалните мрежи.
– Кој не бил голман, не може да разбере колку е тешко да се игра на таа позиција. Држи ја главата горе, ќе се обидеш повторно – напиша Де Хеа во порака за поддршка на 22-годишниот Кински.


