Насловна корица на зборникот „Мит и драма: современи толкувања“

Трудовите од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“ се сумирани во зборник

Промоција на Зборникот од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“ ќе се одржи во „Јуроп хаус“ во Скопје на 3 декември, во 20 часот.

На настанот ќе зборуваат уредниците на зборникот Наташа Аврамовска, Деспина Ангеловска, Дарин Ангеловски, Бесфорт Идризи, Владимир Мартиновски и Кристина Н. Николовска.

Зборникот е во издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје и Факултетот за драмски уметности – Скопје и опфаќа 31 научен труд, вклучувајќи го и пленарното предавање на проф. Светлана Слапшак. Зборникот содржи трудови на македонски, англиски, француски, српски и на бугарски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот