Трудо: Наредив да се собори неидентификуван летечки објект што леташе над Канада

Џастин Трудо
Џастин Трудо / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Премиерот на Канада Џастин Трудо на официјалниот Твитер-профил соопшти дека по негова наредба американски воен авион соборил неидентификуван објект што летал високо над северна Канада, дејствувајќи еден ден откако американските авиони презеле слична акција над Алјаска.

Непосредно пред твитот на Труо, Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека открила објект  што лета на голема височина над Канада, без дополнителни информации.

Советникот Оливие Галант, рече дека се распоредени и канадски и американски воени авиони кои работат како дел од НОРАД.

Премиерот на Канада на Твитер се заблагодари на воздушната одбранбена команда и најави дека ќе ги анализираат остатоците од објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот