Тројца заболени од Ковид-19 во тетовско

На подрачјето на шестте тетовски општини Центарот за јавно здравје Тетово денеска регистрираше три нови случаи со коронавирус.

-Општина Тетово денес има два нови случаи со Ковид-19, а еден позитивен има во Општина Желино, изјави д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.

Тетовската полиција информираше дека за непочитување на мерките за заштита од пренесување на коронавирусот, односно неносење на заштитна маска за лице во текот на изминатото деноноќие, 18 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Извршени биле контроли на 220 луѓе со решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат, но без евиндентирани прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот