Тројца научници ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на литиум-јонски батерии

Нобеловата награда за хемија за 2019 година е доделена на тројца научници за развој на литиум-јонски батерии.

Наградата им припадна на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо.

„Литиум-јонските батерии предизвикаа револуција во нашите животи и се користат во се, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили”, се вели во образложението на Нобеловиот комитет.

Со нивната работа, годинашните лауреати по хемија ги поставија темелите на бежично и општество без фосилно гориво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот