Тројца Македонци во најдобриот странски состав во Хрватска (ФОТО)

twitter.com/Udinese_1896

Порталот „germanijak.hr“ подготви еден предбожиќен специјал, еден состав на најдобрите 11 странци кои оваа деценија беа, односно се дел од најдобрата хрватска фудбалска лига. Во овој избор се наоѓаат тројца македонски репрезентативвци, Илија Несторовски, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Ристовски кој моментно ги брани боите на португалскиот клуб Спортинг Лисабон, своевремено беше еден од најдобрите играчи на Риека во сезоната 2016/17, екипата која дојде до двојна круна. Дојде на мала врата, но затоа веднаш стана најдобриот играч на лигата, а со самото тоа и најдобриот десен бек.

Адеми кој 2010 година ги брани боите на Динамо Загреб, станува збор за еден голем борец, вистински лидер и секој тренер би сакал да го има во своите редови.

фото: Pixsell

Кој знае во кој правец ќе беше неговата кариера, доколку не беше двегодишната суспензија (во најдобрите години). Во секој случај, еден одличен играч од среднит ред, и „модрите“ сигурно ќе пронајдат негова замена во иднина.

И на крајот Несторовски кој поради финансиските малверзации во Палермо, минатото лето направи трансфер во Удинезе.

Вистинска „гол-машина“ чии перформанси беа причина за негова преселба во Италија. Три години се задржа во Првата хрватска лига реализирајќи неверојатни 74 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот